Можен ли е ваков трансфер: Иско во Јувентус за 150 милиони евра?

Иско се очекува да го напушти Реал Мадрид наредното лето, но неговата наредна дестинација е сеуште непозната…

Според шпанските медиуми, најновиот клуб кој што покажува интерес за Иско е италијанскиот шампион Јувентус кој е подготвен да испрати понуда од 150 милиони евра.

25-годишниот репрезентативец на црвената „фурија“ досега во дресот на „кралевите“ има 153. натпревари и 30. голови од 2013 год.

Воедно „Старата дама“ ја следи и ситуацијата уште со тројца фудбалери на „кралскиот“ клуб, тие се: Тони Крос, Дани Себалос и Матео Ковачиќ.