Мируваа мрежите на Англија-Бразил, а Германците едвај до реми против Франција! (ВИДЕО)

Нови атрактивни пријателски натпревари беа одиграни вечерва, на стадионот „Вембли“ во Лондон немаше голови помеѓу Англија и Бразил.

На „РајнЕнерџи“ стадионот во Келн исто така ремизираа Германија и Франција, но овој дуел имаше погодоци, вкупно четири (2:2).

Лаказет ги израдува „триколорите“ во 33. минута со водство, потоа израмнија Германците преку Вернер во 56. минута од средбата.

Лаказет по втор пат се запиша во листата на стрелците во 71-та после асистенцијата на Мбапе, а во самиот финиш (90+3) Геце го пронајде Стиндл за поставување на конечниот епилог.

Пријателски натпревари, резултати:

Унгарија-Костарика 1:0
Алжир-Централна Африка 3:0
Австрија-Уругвај 2:1
Белгија-Јапонија 1:0
Германија-Франција 2:2
Велс-Панама 1:1
Англија-Бразил 0:0

Англия – Бразилия 0:0. Обзор товарищеского матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Германия – Франция от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.