Милан закажа четвртфинална пресметка со Интер во Купот на Италија! (ВИДЕО)

„Росонерите“ беа убедливи во осминафиналето од Купот на Италија…

Екипата на Милан со конечен резултат 3:0 ја елиминираше Верона на својот „Сан Сиро“. Стрелци на головите беа Сусо во 23., Ромањоли во 30. и Кутроне во 55. минута од средбата.

На тој начин Милан си закажа четвртфинале со својот градски ривал Интер кој претходно потешко од очекувањата дури после изведувањето на пеналите беше подобар од нисколигашот Порденоне.

Се одигра уште еден меч Фиорентина со 3:2 славеше против Сампдорија и во следната фаза ќе игра против подобриот од дуелот Лацио-Читадела.

Милан – Верона. Обзор матча. Кубок Италии. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.