„Милан и сè е можно“: Ако си оди Гатузо, доаѓа Монтела!?

Како што пренесуваат италијанските медиуми, тренерот на Милан Џенаро Гатузо е пред отказ после само еден месец на клупата на славниот клуб…

Како него замена се истакнува Винченцо Монтела, тренерот кој ги водеше „росонерите“ до ноември. Можно е заминувањето на Гатузо да биде потврдено доколку не се остварат позитивни резултати на дуелите против Интер и Фиорентина како еден вид „ултиматум“.

Откако Гатузо седна на клупата, неговите играчи забележаа разочарувачко реми со „фенерџијата“ Беневенто, победи над Болоња и Верона во Серија А, а порази од Риека во Лига Европа, но и од Верона и Аталанта во италијанскиот шампионат.

Мал број на бодови во Серија А кои никако не можат да ги задоволат ниту навивачите, ниту управата на клубот, а уште повеќе чуди што би се добило со враќањето на Монтела!

Занимливо е тоа што од правен аспект новото доаѓање на Монтела е најмал проблем, бидејќи договорот со него не е ниту раскинат. Тоа не е чудна ситуација во Италија, бидејќи договорите на тренерите најчесто не се раскинуваат веднаш после отказ.

Уште после поразот од Аталанта на „Сан Сиро“ веднаш се шпекулираше разделба со Гатузо, но:

Ситуацијата е комплицирана, навивачите се „будат“, не можеме да продолжиме вака во сезоната. Но, момците не се откажуваат, и понатаму се трудат, даваат се од себе. Сега јас сум тренер на Милан, но јас сум најмал проблем. Не е во прашање само физичката подготовка, тука е и психолошкиот момент“.

Судбината на Гатузо би можела да биде одлучена уште в среда во Купот на Италија против градскиот ривал Интер.