Меси е подобар голгетер од Роналдо во пресметките на „Ел Класико“!

Гледајќи го досегашниот учинок на едни од најдобрите светски играчи во најголемото дерби на планетата…

Кристијано Роналдо и Лионел Меси ќе бидат најзаслужни за евентуална победа на своите екипи во новото закажано „Ел Класико“ (в сабота, 23. декември, 13:00 часот) на „Сантјаго Бернабеу“.

Имено, колку Португалецот и Аргентинецот се важни за своите тимови покажува податокот дека половина од головите на Барса (во пресметките на „Ел Класико“ од 2009 год.) е заслужен Меси, додека за две петтини од головите (од 2009 год.) на „кралскиот“ клуб е заслужен Роналдо.

Меси својот прв натпревар против Реал го одигра во ноември 2005. година и оттогаш во „Ел Класико“ постигна 24 голови и забележал 13 асистенции, односно заслужен е за 37 од 70 голови (52.8%).

Неговиот најголем конкурент Кристијано Роналдо во Мадрид дојде во 2009 год. Одигра 28 натпревари против Барселона и реализирал 17 голови и една асистенција, што значи дека учествувал во 18 од 45 погодоци на својот клуб (40%).

Меси оваа сезона е поефикасен од Роналдо, после 16 кола во Примера има 14 голови и пет асистенција, додека скромниот Португалецот има досега само четири погодоци и две асистенции.

Во новото „Ел Класико“ на петкратните освојувачи на „Златната топка“, Меси и Барселона влегуваат со големи 11 бодови предност во однос на најлутиот ривал во Шпанија.

МЕСИ/РОНАЛДО (ЕЛ КЛАСИКО)

ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ: 36/28
ПОБЕДИ: 16/8

НЕРЕШЕНИ НАТПРЕВАРИ: 8/6
ПОРАЗИ: 12/13

ГОЛОВИ: 24/17
АСИСТЕНЦИИ: 13/1

УЧЕСТВО ВО ГОЛОВИТЕ: 37 ОД 70 (БАРСЕЛОНА)/18 ОД 45 (РЕАЛ МАДРИД)
ПРВО ЕЛ КЛАСИКО: 19 НОЕМВРИ 2005/29 НОЕМВРИ 2009 ГОД.