Мертенс го освои Бергамо, Наполи останува на врвот во Серија А! (ВИДЕО)

Се одигра првиот натпревар од неделната програма во 21. коло од најсилното италијанско првенство.

Наполи забележа уште еден триумф сезонава вкупно 17-ти кај Аталанта со конечен минимален резултат 0:1.

Стрелец на единствениот гол за „наполитанците“ на ова гостување го реализираше Мертенс после асистенцијата на Каљехон во 65. минута од средбата.

На табелата останува на врвот тимот предводен од тренерот Сари со 54 бодови, четири повеќе од Јувентус кој има и меч помалку.