Марез го прекина штрајкот, повторно тренира во Лестер!

Алжирскиот фудбалер и еден од двајцата најдобри играчи на Лестер, Ријад Марез го прекина штрајкот после 10 дена и им се врати на тренинзите на екипата.

Марез изрази незадоволство со одлуката на клубот да не го пушти во Манчестер Сити во текот на јануари, а интересно е тоа што Алжирецот се враќа во составот токму за претстојниот натпревар токму против лидерот на Премиерлигата, пренесуваат британските медиуми.

Од клубот најавија дека Марез го очекува драстична казна од дури 250.000 илјади евра. Не тренираше со клубот од 31. јануари кога му пропадна трансферот на „Етихад“, а во меѓувреме ги пропушти дуелите против Евертон и Свонси, а последниот меч го имаше на 20. јануари кога беше стрелец против Вотфорд.

Фудбалерот кој 35 пати играл за својата репрезентација, во Лестер дојдоа во јануари 2014 год. од редовите на францускиот Авр.