Манчестер Сити е првиот финалист во Лига купот (ВИДЕО)

Составот на Манчестер Сити е првиот финалист во Лига купот…

Избраниците на менаџерот Пеп Гвардиола славеа и на реваншот против Бристол Сити на гостински терен со 2:3 и со вкупно 5:3 обезбеди финале каде што ќе играат со подобриот помеѓу Челзи и Арсенал (1:1).

Најпрвин на „Ештон Гејт“ стадионот во Бристол водеа „граѓаните“ со голот на Сане во 43. минута од средбата, па зголеми Агуеро после половина час игра.

Израмнија домаќините со погодоците на Пек и Флинт, а во самиот финиш Де Брујн го постави конечниот епилог на мечот.