Манчестер Јунајтед има три нови трансфер желби!

Како што пренесуваат британските медиуми, Манчестер Јунајтед има три нови трансфер желби.

Првата е 21-годишниот играч од средниот ред Деле Али за чиј потпис се бори истовремено и европскиот шампион Реал Мадрид.

На англискиот репрезентативец му било кажано од неколку агенти дека тие се единствените кои можат да го преселат или во Јунајтед или Реал, ако тој се одлучи да го напушти Тотенхем.

Ја има поддршката од голем број светски врвни агенции, по неговата одлука да соработува со долгогодишните претставници на „Импакт Спортс Менаџмент“.

Меѓу нив се и агентот на Кристијано Роналдо, Мендеш, како и Рајола, овој вториот ги претставува Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ.

Потоа, втората желба е Пауло Дибала од редовите на Јувентус, со понуда од 155 милиони фунти за аргентинската „гол-машина“. „Старата дама“ откри дека 23-годишниот напаѓач нема ослободителна клаузула во неговиот договор со италијанскиот шампион.

Исто така, „црвените ѓаволи“ имаат конкуренција во Барселона која ќе се обиде наредната 2018. година да ја донесе оваа јужноамериканска ѕвезда.

Преговарачот на Јунајтед, Ед Вудворд јасно стави до знаење до менаџерскиот тим на Дибала дека ако одлучи да се раздели со Јуве, португалскиот менаџер Жозе Мурињо има желба да го доведе „Олд Трафорд“.

И на крајот младата српска ѕвезда на Лацио, фудбалерот од средниот ред Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој досега во дресот на „небесно-сините“ има учинок од 64 натпревари и четири голови.

„Сандеј Експрес“ информира дека му е кажано на Јунајтед, ако сака да го ангажира членот на римскиот клуб ќе мора да издвои сума од 75 милиони фунти.

Јунајтед се гледа како „фаворит“ за потписот на Србинот, но во трка е и Манчестер Сити предводен од шпанскиот стратег Пеп Гвардиола.

Мурињо го следеше последен пат минатиот викенд во победата над Џенова (3:2) и тоа константно ќе го прави во текот на сезоната, воедно ќе се обиде да го победи Гвардиола наредното лето со цел да го донесе 22-годишниот играч и облече дресот на „црвените ѓаволи“.