Манчестер Јунајтед ги залечи „раните“ од ЛШ со полуфинале во ФА Купот! (ВИДЕО)

„Црвените ѓаволи“ брзо ја заборавија изненадувачката елиминација од Лигата на шампионите изминатиот период.

Манчестер Јунајтед ги врати своите насмевки со триумф над Брајтон од 2:0 на „Олд Трафорд“ и пласман во полуфиналето од ФА Купот.

Стрелци на головите за домашната екипа беа Лукаку во 37. мин. од средбата после асистенцијата на Матиќ, а Србинот го постави конечниот епилог во 83-та по додавањето на Јанг.

Да потсетиме, претходно пласман во полуфиналето од англиското фудбалско натпреварување обезбеди и Тотенхем елиминирајќи го на гости Свонси (0:3).

В недела ќе се одиграат преостанатите две четвртфинални пресметки: Виган-Саутемптон и Лестер-Челзи.