Луис Енрике е замената за Венгер во Арсенал?

Поради слабите резултати се почесто навивачите на Арсенал стануваат незадоволни и бараат заминување на досегашниот менаџер.

Британските медиуми информираат дека поранешниот стратег на Барселона, Луис Енрике повеќе преферира да ја преземе клупата на „топчиите“ отколку биде менаџер на Челзи.

Се ќе зависи од тоа дали Арсен Венгер ќе остане на „Емирати“ и после крајот на оваа натпреварувачка сезона. Од друга страна насмевките во Арсенал беа вратени откако успеа да се пласира во четвртфиналето на Лига Европа каде што ќе се сретне против руската ЦСКА Москва.

47-годишниот Енрике никогаш досега не водел англиска екипа, во својата тренерска кариера беше дел од Барселона (и Б тимот), Селта и Рома.

Најголемите успеси ги имаше со каталонскиот гигант, двапати освојувајќи ја шпанската Примера, трипати Копа дел Реј, а по еднаш Суперкупот, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првемство, сето тоа во периодот од 2014-2017 год.