ЛШ, Зидан: Ништо не е готово, Баерн може да ни се реваншира на „Бернабеу“!

Вечерва на „Алијанц“ Арената во првиот натпревар од полуфиналето Реал Мадрид триумфираше со 1:2 против Баерн Минхен.

На тој начин „кралевите“ се чекор поблиску до своето трето финале по ред во Лигата на шампионите, а потсетување оваа сезона битката за трофејот ќе се одржи во Киев, Украина.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан:

Многу сме задоволни од резултатот, но имавме проблеми во првите неколку минути обидувајќи се да ја преземеме контролата врз играта.

Ова е далеку од готово, мислам дека поголема е веројатноста Баерн да триумфира на „Бернабеу“, меѓутоа ние сме сега среќни што бевме подобри со 2:1 во Минхен“.