ЛШ: Спектакл на „Стемфорд Бриџ“, стартните состави на Челзи и Барселона! (ФОТО, ВИДЕО)

Вечерва од 20:45 часот англискиот и шпанскиот фудбалски гигант ќе го одиграат првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Ова ќе биде вкупно 11. меѓусебен натпревар помеѓу Челзи и Барселона во последните 13. години каде што имаше многу контроверзи и исполнети со драматични завршници.

Иако последните информации дека можно е да се најде на клупата, сепак Лионел Меси ќе биде во стартните 11 на каталонскиот гигант на стадионот во Лондон „Стемфорд Бриџ“.

Челзи е непоразен во последните седум натпревари од ЛШ против Барса, односно има две победи, пет нерешен, осум голови и шест примени.

Стартните состави на Челзи и Барселона (20:45 ч.)

Челзи: Куртоа, Рудигер, Кристенсен, Азпиликуета, Алонсо, Канте, Фабрегас, Мозес, Педро, Азар, Вилијан.

Резерви: Кабаљеро, Кејхил, Дринквотер, Жиру, Хадсон-Одои, Мората, Запакоста. (Тренер: А. Конте)

Барселона: тер Штеген, Роберто, Пике, Умтити, Алба, Ракитиќ, Бускетс, Паулињо, Меси, Суарез, Иниеста.

Резерви: Силесен, Дембеле, Дињ, Гомеш, Д. Суарез, Вермален, Видал. (Тренер: Е. Валверде)