ЛШ: Славје во Истанбул, Бешикташ оди во нокаут-фазата! (ВИДЕО)

Завршени се првите два натпревари од денешната програма во Лигата на шампионите…

Бешикташ ремизираше со резултат 1:1 против Порто, и со освоениот бод во Истанбул, турскиот клуб обезбеди настап во осминафиналето.

Најпрвин Португалците поведоа со голот на Фелипе од 29. минута, се до пред крајот на првото полувреме кога домаќините израмнија благодарение на Талиска.

После нецелосното петто коло од групата Г Бешикташ е прв со 11 бодови, Порто е втор со седум, Лајпциг има четири, Монако е на дното со два.

И на првиот меч од групата Е заврши 1:1 помеѓу Спартак Москва и Марибор. Русите водеа од 82. минута преку Зе Луис, а Мешановиќ во 90-та го постави конечниот епилог.

Во групата Е води Ливерпул со осум бодови, пред Севиља (седум), Спартак Москва (шест) и Марибор (два).

Бешикташ – Порту 1:1. Обзор матча. Лига Чемпионов 2017/18. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Спартак – Марибор от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.