ЛШ: Познати стартните 11, Рома ја промени формацијата – Ливерпул очекувано! (ФОТО)

Јирген Клоп и Еузебио Ди Франческо донесоа одлука околу тоа кои ќе го започнат денешниот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите, прв од двата меѓусебни помеѓу Ливерпул и Рома кој ќе го суди Феликс Брих од Германија.

Овој дуел ќе биде посебен за Мохамед Салах, Египќанецот кој на „Енфилд“ стигна токму од Рома. Салах оваа сезона реализираше вкупно 41 погодок, и моментно е еден од најдобрите играчи на светот.

Од друга страна, Рома е предводен од босанскиот интернационалец Един Џеко, кој блескаше во Лигата на шампионите оваа сезона, особено во средбите од нокаут-фазата.

Стартни состави (ЛШ, прв натпревар – полуфинале, 20:45 ч.):

Ливерпул (4-3-3): Кариус, Робертсон, Ван Дајк, Ловрен, Александер-Арнолд, Милнер, Хендерсон, Окслејд-Чемберлејн, Мане, Фирмино, Салах.

Рома (3-4-2-1): Алисон, Фацио, Манолас, Хесус, Флоренци, Де Роси, Стротман, Коларов, Ундер, Наинголан, Џеко.