ЛШ: Одличен Ливерпул, а Рома на „Олимпико“ по ново чудо, само нека се потсети на Барса! (ВИДЕО)

Вечерва на стадионот „Енфилд“ се одигра првиот натпревар од полуфиналето во фудбалската Лига на шампионите…

После првиот дел првата ѕвезда на Редси, Салах двапати се запиша во листата на стрелците и истите погодоци не ги прослави од почит спрема својот поранешен клуб.

Продолжи голеадата на избраниците на Клоп, следните два голови беа дело на Мане во 56. и Фирмино во 61. мин., а сега двапати асистент беше Салах кој дефинитивно е најзаслужен за триумфот денеска на „црвените“.

Во 69. мин. за 5:0 се погрижи Фирмино со својот втор гол на мечот, а во последните 10. минути гостите ги вратија своите надежи во овој полуфинален двомеч преку Џеко и Пероти од пенал.

Составот на Ливерпул обезбедина прилично убедлива предност совладувајќи ја Рома со конечен резултат 5:2 (2:0).

Прилично „невозможна мисија“ за италијанскиот претставник, но нешто слична негатива имаше римската „волчица“ и во четвртфиналето против Барселона, па приреди голема сензација на својот „Олимпико“ кога од 1:4 негатива се врати комплетно на 3:0.

Токму во Рим ќе се одигра реваншот помеѓу Рома и Ливерпул закажан 2. мај со почеток од 20:45 часот.