ЛШ: Нов рекорд на Роналдо, вечер на голови, Ливерпул броеше до 7! (ФОТО, ВИДЕО)

Вечерва официјално заврши групната фаза оваа сезона во Лигата на шампионите со мечевите од шестото последно коло во групите Е, Ф, Г и Х.

Севиља обезбеди настап во елиминациските борби и покрај ремито на гости во Словенија кај Марибор со 1:1. Во прилог на Шпанците одеше убедливиот триумф на Ливерпул на „Енфилд“ против Спартак Москва, па така Русите ќе мора да се задоволат со учество во 1/16 финалето од Лига Европа.

Потоа, во групата Ф покрај Манчестер Сити, пласман во следната фаза од ЛШ обезбеди и Шахтјор Доњецк. Украинците токму со домашната победа над премиерлигашкиот лидер дојде до второто место, а Наполи заврши трет после поразот во Холандија од Феенорд (2:1).

Во групата Г тимот на Порто беше убедлив пред своите гледачи над Монако (5:2) и како второпласиран се промовираше во осминафиналист од најквалитетното европско натпреварување. Лајпциг загуби на свој терен од турскиот Бешикташ.

И во групата Д веќе беа познати осминафиналистите, единствено требаше да се дознае само кој ќе биде прв, а кој ќе слави продолжување на меѓународната сцена.

Кипарскиот АПОЕЛ немаше сили за изненадување кај Тотенхем кој пак триумфираше со 2:0 со погодоците на Љоренте и Сон Хјунг-Мин.

Овој пораз одеше во корист на Борусија Дортмунд, бундеслигашот кој пак беше минимално поразен кај Реал Мадрид со резултат 3:2.

„Кралевите“ водеа со 2:0 преку Мајорал и Роналдо, потоа „милионерите“ се погрижија за егал благодарение на интернационалецот од Габон, Обамејанг кој стрелаше двапати во мрежата на Навас во 43. и 49. минута од средбата. Конечниот епилог на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ го постави Лукас во 81. минута после асистенцијата на Хернандез.

Да додадеме уште дека Роналдо оствари уште еден рекорд, со реализираниот погодок стана првиот играч во историјата на ЛШ кој се запишал во листата на стрелците во сите шест натпревари од групната фаза.

Никому не му успеало тоа откако се играат групи во ЛШ, поточно од сезоната 1992/93. За Португалецот ова беше деветти гол во Европа оваа сезона, а вкупно 114. во ЛШ.

Занимливо е тоа што во шпанската Примера има далеку послаби учинок, од 10 натпревари имаше само два голови.

Лига на шампиони, 6. последно коло (резултати):

Група Е

Ливерпул-Спартак Москва 7:0
Марибор-Севиља 1:1

Табела:

1.Ливерпул 12 бодови
2.Севиља 9
3.Спартак Москва 6
4.Марибор 3

Група Ф

Феенорд-Наполи 2:1
Шахтјор Доњецк-Манчестер Сити 2:1

Табела:

1.Манчестер Сити 15 бодови
2.Шахтјор Доњецк 12
3.Наполи 6
4.Феенорд 3

Група Г

Порто-Монако 5:2
Лајпциг-Бешикташ 1:2

Табела:

1.Бешикташ 14 бодови
2.Порто 10
3.Лајпциг 7
4.Монако 2

Група Х

Тотенхем-АПОЕЛ 3:0
Реал Мадрид-Борусија Дортмунд 3:2

Табела:

1.Тотенхем 16 бодови
2.Реал Мадрид 13
3.Борусија Дортмунд 2
4.АПОЕЛ 2

Реал Мадрид – Боруссия Д. Обзор матча. Лига Чемпионов 2017/18. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Ливерпуль – Спартак от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Шахтер – Манчестер Сити. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.