ЛШ: Мурињо објави „лоши вести“ и најави големи промени пред ЦСКА Москва!

Португалецот потврди дека ќе одмори неколку играчи.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во вторник ќе ја пречекаат ЦСКА Москва во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, а Жозе Мурињо најави значајни промени.

Како што можеше да се претпостави, првиот голман Давид Де Геа ќе добие заслужен одмор, па на голот ќе биде Серхио Ромеро.

Немања Матиќ исто така ќе одмора откако ризикуваше тешка повреда играјќи против Арсенал, додека Златан Ибрахимовиќ е надвор од тимот, односно менаџерот на „црвените ѓаволи“ вели дека треба да биде физички посилен.

Давид заслужува одмор, а исто така ниту Немања Матиќ не е во конкуренција за составот. Тој е повреден и кога велам дека е повреден, тоа значи дека е вистина и не можеме да сметаме на него.

Златан Ибрахимовиќ не е потребен, но не смееме да ризикуваме, мора да ги засили своите мускули и сакаме постепено да го доведеме во ритам“, рече Мурињо со напомена дека Фил Џонс тренираше со екипата и е подготвен за „кам-бек“.

На Јунајтед му е потребен бод за да го обезбеди првото место во групата, откако има три бода повеќе од ЦСКА и Базел, швајцарскиот клуб гостува кај Бенфика. Двата мечеви се на програмата од 20:45 часот (5. декември 2017 год.)