ЛШ: Ливерпул веќе во четвртфиналето, Роналдо против ПСЖ испиша историја! (ФОТО, ВИДЕО)

Се одиграа првите два натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите во Порто и Мадрид.

Веќе со една нога во четвртфиналето од елитното европско фудбалско натпреварување се наоѓа Ливерпул кој го „торпедираше“ Порто и тоа во Португалија со 0:5.

Мане беше херојот на Редси забележувајќи хет-трик со погодоци реализирани во 25., 53. и 85. минута од средбата на „Драгао“ стадионот.

Останатите голови беа дело на Салах и Фирмино после асистенциите на Милнер во 29. и 69. минута. Реваншот на „Енфилд“ ќе се одигра на 6. март во 20:45 ч.

На вториот вечерашен дуел одигран на „Сантјаго Бернабеу“ во дербито Реал беше подобар од ПСЖ со конечен резултат 3:1.

Најпрвин поведе француската екипа со голот на Рабио во 33. минута, а непосредно пред паузата израмни Роналдо од пенал.

Имено со тој гол Португалецот испиша историја, реализирајќи го 100. погодок за мадридскиот гигант, и така стана единствениот играч кој има моментно „троцифрен“ број на голови во ЛШ во дресот на еден клуб. Лионел Меси 97 пати ја тресел мрежата во Лигата на шампионите.

Во второто полувреме поточно во последните 10. минути сите дилеми ги решија Роналдо во 83. со својот втор погодок на дуелот и Марсело во 86-та по додавањето на Асенсио. Возвратната пресметка ќе биде на 6. март во 20:45 ч. на „Паркот на принцовите“.

Лига на шампиони, осминафинале –

Први натпревари, резултати:

Порто-Ливерпул 0:5

Реал Мадрид-ПСЖ 3:1

Порту – Ливерпуль. Обзор матча. Лига Чемпионов 2017/18. 1/8 финала. 1-й матч. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Реал Мадрид – ПСЖ. Обзор матча. Лига чемпионов от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.