ЛШ: Крај за Јунајтед, Севиља го освои „Олд Трафорд“, Џеко е херојот на Рома! (ВИДЕО)

Се одиграа реванш осминафиналните натпревари на „Олимпико“ и „Олд Трафорд“ вечерва во Лигата на шампионите.

На првиот дуел Шахтјор обезбеди минимална предност од 2:1 против Рома, а денеска на возвратниот дуел римската „волчица“ триумфираше со 1:0 со голот на Џеко во 52. мин. од средбата. Токму поради тој гостински погодок италијанскиот претставник се пласираше во четвртфиналето.

Во следната фаза изненадувачки ќе се најде и екипата на Севиља која после нерешените 0:0 по првите 90. мин. приреди сензација славејќи среде „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед со 1:2.

Херој на шпанскиот состав беше „златната резерва“ Бен Једер кој двапати се запиша во листата на стрелците во 74. и 78. мин. „Црвените ѓаволи“ успеаја само да го ублажат поразот во 84. мин. преку Лукаку.

Манчестер Юнайтед – Севилья. Обзор матча. Лига Чемпионов 2017/18. 1/8 финала. 2-й матч. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Рома – Шахтер Донецк. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.