ЛШ: Класика на „Алијанц“ за финале, Баерн и Реал по 25 пат во Европа! (ФОТО, ВИДЕО)

Трофејната ризница и големото ривалство на двата гиганти гарантира два спектакли во борбата за финалето во Киев…

Судирот помеѓу минхенски Баерн и Реал Мадрид во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите вечерва од 20:45 часот на „Алијанц“ Арената е најголемата европска класика на клубовите со вкупно дури 17 титули шампион на Европа.

После минатогодишните впечатоци од четвртфиналето, кога Реал славеше против Баерн со вкупен резултат 6:3 со контроверзни судиски одлуки, на ред дојде нивниот 25. дуел.

Двократниот шампион на Европа само во Лигата на шампионите има прилика да ја спаси сезоната во која одамна остана без пехарот од шпанската Примера, за разлика од баварскиот гигант кој уште еднаш ја покажа доминацијата во Бундеслигата.

Ако двапати по ред сме биле шампиони, зошто да не го повториме тоа уште еднаш оваа сезона“, беше самоуверен десниот бек на „кралевите“, Дани Карвахал.

Во центарот на вниманието ќе биде и тренерот на Баерн, Јуп Хејнкес освојувачот на последната титула на тој тим во Лигата на шампионите 2013, но и човекот кој и на Реал му ја донесе истата во 1998 кој ја завршува последната сезона во кариерата.

Само Реал ми е во мислите…Очекуваме еден вистински гигантски дуел, два тима со голема традиција во европскиот фудбал со атрактивен стил на игра“, рече Хејнкес.

Главната задача на Хејнкес ќе биде да го запре најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо, стрелец на секој меч во ЛШ сезонава и рекордер на ова натпреварување со 120 голови.