ЛШ: Ќе успее ли вечерва Меси конечно да ја затресе мрежата на Челзи?

Кога ќе се спомне Челзи, веднаш како да исчезнува насмевката од лицето на аргентинскиот фудбалер…

Премиерлигашкиот гигант е вистински „кошмар“ за Лионел Меси, со „сините“ од Лондон играл осум пати за шест години, и во периодот од 2006. до 2012. година и никогаш не постигнал гол против нив.

На теренот поминал вкупно 655. минути, најболниот момент го имаше во 2012. год. кога не реализираше пенал кој го чинеше Барса пласман во финалето.

И против ПСЖ и Милан Аргентинецот играл осум пати, но во тие дуели против „светците“ постигнувал гол на секој меч, а ја тресел мрежата на „росонерите“ на секои 150. минути.

Вечерва од 20:45 часот на „Стемфорд Бриџ“ каде што ќе се игра првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, Меси би можел да влезе во „клубот 100“, кога се во прашање головите во ЛШ.

Интересен е податокот што Меси тешко доаѓа до погодок и во мрежата на Тибо Куртоа. Белгискиот голман во периодот додека ги бранеше боите на Атлетико Мадрид на осум мечеви во Примера, шпанскиот Суперкуп и ЛШ не дозволи да биде затресена мрежата од Меси. Последен пат тоа се случи во 2012 год., истата во која Челзи ја елиминираше Барселона.

Единствено лоша традиција има против Челзи, но затоа има 17 постигнати голови во 26 мечеви против останатите англиски клубови.

Лига на шампиони

Осминафинале, први натпревари

Денеска, 20:45 ч.

Баерн Минхен-Бешикташ
Челзи-Барселона