ЛШ, Хендерсон: Разочарани сме поради двата примени голови, да ја задржиме самодовербата!

Еден одличен натпревар на „Енфилд“ кој заврши со убедлив триумф на Ливерпул од 5:2 против Рома во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Додека од победничката страна жалат што примија два голови во последните 10. минути, од италијанскиот табор размислуваат оптимистички и веруваат во целосен пресврт на реваншот.

Англискиот состав беше предводен од фантастичниот Египќанец Мохамед Салах кој реализираше два голови, но и двапати асистираше, а од друга страна премиерлигашот пропушти да слави многу поубедливо, а свесен поради тоа е и Џордан Хендерсон.

Разочарани сме од двата примени гола во самата завршница, бидејќи чувствувавме дека го имавме натпреварот под контрола.

Истовремено игравме одлично на теренот, победивме и на реваншот одиме со три гола предност.

Не игравме премногу фудбал во последните 20 минути и погодоците на ривалот малку го нарушија нашиот ритам, но сепак мораме да ја задржиме нашата самодоверба“.