ЛШ, Боатенг: Се радувам што ќе играм против Роналдо!

Централниот дефанзивец на Баерн, Жером Боатенг ја пофали ѕвездата на шпанскиот клуб, Кристијано Роналдо пред првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите помеѓу двата тима…

Тој изјави дека сака да игра против Португалецот, дуелот во Минхен на „Алијанц Арената“ е утревечер (25. април, среда) со почеток од 20:45 часот.

Кристијано е одличен спортист и физички изгледа одлично. Нема слаба точка, само тој може да забележи дали неговиот тим игра добро. Секогаш сум среќен кога играм против него“, рече Боатенг на прес-конференцијата пред мечот, а потоа додаде:

Реал е многу силен во нападот, но исто така се брани и многу добро. Дефинитивно еден од најтешките ривали против кого можете да остварите победа, но од наша страна ќе се потрудиме. „Кралевите“ покажуваат добар фудбал, со многу технички фудбалери кои се заедно веќе подолго време“.