ЛШ: Барса ја искористи грешката на Челзи, блиску е четвртфиналето за Баерн! (ФОТО, ВИДЕО)

На стадионот „Стемфорд Бриџ“ во Лондон се одигра првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите…

Уште во петтата минута се закани Челзи, шутираше Азар со левата нога од 17-18 метри, но над голот. Барса, пак, својата прва шанса ја имаше преку Меси, опружен од тројца противнички играчи успеа да го пронајде Паулињо, односно до главата на Бразилецот кој не беше прецизен во 16. минута од средбата.

Немаше нови возбудувања се до 33. минута кога беше погодена стативата на голманот на Барса, Тер Штеген, од страна на расположениот Вилијан. Шест минути подоцна каталонците бараа пенал од судијата Чакир после еден корнер и прекршок во казнетиот простор на Рудигер врз Пике, но турскиот стратег не досуди ништо.

Во 41. мин. одново нова статива, и повторно Вилијан немаше среќа. Веднаш во наредните 60. секунди, нов напад на лондонските „сини“, а овојпат Азар шутираше малку над пречката. Конечно во 63. мин., „трета среќа“ за Вилијан кој успеа да ја затресе мрежата на Барса за водство на премиерлигашот со 1:0.

Вилијан од околу 20. метри прецизно стрелаше во мрежата на тер Штеген за голема радост кај неговите навивачи на трибините. Асистент беше Еден Азар кој има досега импресивна статистика, Белгиецот учествувал во шест голови од шест мечеви во ЛШ сезонава (по три голови и асистенции), повеќе од било кој друг играч на Челзи.

Избраниците на тренерот Валверде не дозволија долго да бидат во негатива, во 75. мин. искористија една грешка на одбранбените играчи на Челзи (поточно кикс направи Кристенсен), топката ја украде Иниеста кој асистираше до Меси за израмнување.

Интересен е податокот што Аргентинецот конечно после 730. минути во девет натпревари, го постигна првиот гол воопшто во меѓусебните дуели против Челзи.

Роберт Левандовски во „петардата“ на Баерн (5:0) дома против турскиот Бешикташ е 12. најдобар стрелец во историјата на ЛШ со 44 погодоци во дресот на баварскиот гигант и Борусија Дортмунд, придружувајќи му се Дидие Дрогба.

Лига на шампиони

Осминафинале, први натпревари (резултати):

Баерн Минхен-Бешикташ 5:0 (Милер 43, 66, Коман 53, Левандовски 79, 88)
Челзи-Барселона 1:1 (Вилијан 62/Меси 75)

Реванш мечеви:

14. март (18:00 ч.) Бешикташ-Баерн Минхен
14. март (20:45 ч.) Барселона-Челзи

Челси – Барселона. Обзор матча. Лига чемпионов от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.