Листа на тренери кои би можеле да го заменат Зидан во Реал

„Мундо Депортиво“ објавува една листа на тренери кои се спомнуваат како можни кандидати за нов тренер на „кралскиот“ клуб.

Како наследници на Зинедин Зидан се издвојуваат Јоаким Лев, Масимилијано Алегри, Јирген Клоп, Маурицио Покетино, Маурицио Сари и Гути.

Според изворот, првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез најмногу го преферир германскиот стратег Лев како нов тренер на шпанскиот гигант.

Оваа сезона скоро се загубени шансите за титулата во Примера, Реал веќе заостанува 19 бодови во однос на првопласираната Барселона.

Неодамна доживеа шокантна елиминација во Копа дел Реј, па единствена шанса ако ништо да ја спасат оваа сезона барем со трофеј од Лигата на шампионите.