Лисандро Лопез од Бенфика на позајмица во Интер

Интер официјално го потврди потписот на Лисандро Лопез…

Централниот бек (28) кој доаѓа од редовите на Бенфика до 30. јуни 2018 год. ќе игра како позајмица за „неро-аѕурите“ со можност за откуп на неговиот договор.

Позајмицата според информациите изнесува половина милион евра, а евентулната целосна продажба на крајот од сезоната би била девет милиони евра.

Досега за португалскиот клуб имаше 32 натпревари и четири голови, а во меѓувреме беше и на позајмица во Хетафе (26 мечеви, три погодоци).