Лига куп, полуфинале: Челзи беше поблиску до победа, одлуката паѓа на „Емирати“! (ВИДЕО)

Откако вчера на „Емирати“ Манчестер Сити го совлада Бристол Сити со 2:1 во првиот натпревар од полуфиналето во Лига купот…

Денеска на првиот дуел на „Стемфорд Бриџ“ без голови ремизираа екипите на Арсенал и Челзи во лондонската пресметка.

Челзи беше нешто поорганизиран на почетокот од дуелот, имаше неколку опасни напади, но без вистински шанси да го загрози голот на Оспина.

Арсенал имаше полуприлика преку Лаказет после додавањето на Вилшир, а на спротивната страна Мозес имаше најдобра шанси и можеше многу лесно да го доведе својот тим во предност.

Куртоа добро интервенираше пред крајот на првото полувреме после ударот на Ивоби, а потоа Фабрегас можеше подобро да шутира.

Во вториот дел Челзи беше далеку подобар, Алонсо Кристенсен први се заканија после центаршутот на Канте, потоа Алонсо имаше прилика, па Мората, следуваше ударот на Мозес, па обид на Кристенсен…

Се редеа шансите пред голот на голманот Оспина, Азар можеше да шутира, се одлучи за додавање, уште една погрешна одлука во завршницата.

Реваншот ќе се одигра на 24. јануари на „Емирати“ стадионот, а еден ден претходно и возвратниот меч помеѓу Бристол Сити и Манчестер Сити.

Челси – Арсенал. Обзор матча. Кубок английской лиги. 1/2 финала. 1-й матч. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.