Лига куп: „2 во 1“ на Етихад, Агуеро го спаси Манчестер Сити од шок! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Сити го совладаа Бристол Сити со резултат 2:1 после пресврт во првиот натпревар од полуфиналето на Лига купот.

„Граѓаните“ до триумфот дојдоа благодарение на Серхио Агуеро кој ја затресе мрежата во 92. минута од средбата одиграна на стадионот „Етихад“.

Претходно Бристол поведе во 44. минута од пенал преку Боби Рид, а на 1:1 после 10. минутии игра во второто полувреме израмни Кевин де Брујн.

Реванш мечот ќе се игра на 23. јануари во Бристол, а второто полуфинале од англиското натпреварување го сочинуваат Челзи и Арсенал, а првиот дуел е закажан за в среда (10. јануари) со почеток од 21.00 часот на „Стемфорд Бриџ“.