Лига Европа: Продолжува „бајката“ на Салцбург, Ристовски и Спортинг Лисабон во „аут“! (ВИДЕО)

Вечерва се дознаа сите патници во полуфиналето од фудбалската Лига Европа…

Составот на Арсенал ја задржа предноста од првиот натпревар одигран на „Емирати“ (4:1), откако вечерва во Русија ремизираше 2:2 кај ЦСКА Москва.

Водеа домаќините со 2:0 благодарение на Чалов и Набабкин во 50. мин. и имаа доволно време за уште еден погодок кој што ќе ги однесеше во полуфиналето.

Но, тоа не го дозволија „топчиите“ кои успеаја да се изборат за реми преку Велбек во 75. мин. и Ремзи во самиот финиш од средбата одигран на Арена „ЦСКА“ во Москва.

Големо изненадување приреди составот на Салцбург кој и покрај тоа што загуби убедливо со 4:2 во Рим, австрискиот претставник возврати уште помоќно и го елиминираше фаворитот Лацио со 4:1.

Сите погодоци беа реализирани во второто полувреме, иако поведоа „небесно-сините“ преку Имобиле, следуваше голем пресврт за голема радост на трибините (Дабур, Хаидара, Хванг Хе-Чан, Лајнер).

Спортинг триумфираше со 1:0 на домашен терен, но со оглед на тоа што загуби со 2:0 на првиот меч во Шпанија, составот на Атлетико Мадрид се пласираше во следната фаза.

Единствениот погодок за Португалците го постигна Монтеро во 28. мин., додека македонскиот интернационалец Стефан Ристовски беше стартер и настапи до 79. мин. кога беше заменет од Думбиа.

Лига Европа, четвртфинале

Во заграда се резултатите од првите натпревари:

ЦСКА Москва-Арсенал 2:2 (1:4)
Марсеј-Лајпциг 5:2 (0:1)
Салцбург-Лацио 4:1 (2:4)
Спортинг-Атлетико Мадрид 1:0 (0:2)

Спортинг – Атлетико. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

ЦСКА – Арсенал. Обзор матча. Лига Европы 2017/18. 1/4 финала. 2-й матч. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Ред Булл Зальцбург – Лацио | Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.