Лига Европа: „Лесна“ задача за Арсенал, Ристовски и Спортинг против Атлетико Мадрид!

Денеска се одржа ждрепката за четвртфиналните двојки во фудбалската Лига Европа…

Португалскиот Спортинг на македонскиот интернационалец Стефан Ристовски за противник го добија Атлетико Мадрид.

Лајпциг ќе се соочи со Марсеј, потоа „најлесно“ можеби помина Арсенал добивајќи ја руската екипа на ЦСКА Москва, а Лацио ќе ја има фаворитската улога против Салцбург, иако тоа не мора ништо да значи, откако во осминафиналната фаза Австријците го елиминираа тимот на Борусија Дортмунд.

Лига Европа, четвртфинале:

Лајпциг-Марсеј
Арсенал-ЦСКА Москва
Атлетико Мадрид-Спортинг
Лацио-Салцбург

Првите натпревари ќе се одиграат на 5. април, а реванш средбите се закажани една недела подоцна на 12. април 2018 год.