Лига Европа: Црвена Звезда го освои Келн, а Арсенал го „среди“ и БАТЕ! (ВИДЕО)

Се одиграа уште многу натпревари од второто коло во групната фаза на Лига Европа.

Во групата Х екипата на Арсенал дојде и до вториот триумф овојпат во „Борисов Арената“ кај БАТЕ славејќи со 2:4.

Уште во првото полувреме „топчиите“ постигнаа три голови, два преку Волкот, а еден беше дело на Холдинг после асистенцијата на Мертесакер.

Намали белорускиот претставник со погодокот на Иваниќ, потоа на стартот од вториот дел за 1:4 се погрижи Жиру, а Гордејчук го постави конечниот епилог за прв пораз на БАТЕ оваа сезона.

Во истата група Црвена Звезда дојде до победа во Германија кај Келн (0:1), стрелец на погодокот беше интернационалецот од Габа, Боакје во 30. минута од средбата.

На табелата води Арсенал со шест бодови пред Црвена Звезда која има четири и токму овие две екипи во наредната трета рунда ќе се сретнат на 19. октомври во Белград на стадионот „Рајко Митиќ“.

Лига Европа (2. коло), останати резултати:

Астана-Славија Прага 1:1
Атлетик Билбао-Зорја 0:1
Коњаспор-Гимараеш 2:1
Лацио-Варегем 2:0
Лугано-ФЦСБ 1:2
Ница-Витесе 3:0
Остерсундс-Херта 1:0
Плзен-Х. Беер Шева 3:1
Салцбург-Марсеј 1:0

БATЭ – Apceнал от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.