Лига Европа: „Ауфидерзен“ Дортмунд, Арсенал го елиминираше Милан! (ВИДЕО)

Се дознаа вечерва сите патници во четвртфиналето на фудбалската Лига Европа…

Во дербито Арсенал на стадионот „Емирати“ во Лондон по втор пат го совлада Милан овојпат со 3:1.

Иако водеа „росонерите“ со голот на Чалханоглу од 35. мин., „топчиите“ направија целосен пресврт благодарение на двата гола на Велбек и еден на Џака и со вкупни 5:1 го елиминираа италијанскиот претставник.

Лион имаше убава предност по првите 90. минути славејќи со 1:0 во Русија, но на домашен терен ги разочара своите навивачи откако загуби со 2:3 од ЦСКА Москва која поради поголемиот број на постигнати голови на гостински терен се пласираше во следната фаза.

Головин стрелаше за водство по првото полувреме за ЦСКА, израмни Корне во 58-та, потоа за период од пет минути гостите се погрижија за позитива од 1:3 преку Муса и Вернблум. До крајот на средбата домаќините успеаја само да го ублажат поразот (Диаз, 71. мин.)

Изненадување приреди и Салцбург кој ја сочува предноста од првиот дуел (2:1) пред своите гледачи против „фаворитот“ Борусија Дортмунд. На „Ред Бул“ Арената во Австрија мрежите мируваа (0:0).

Ждрепката за извлекување на четвртфиналните двојки ќе се одржи в петок (16. март) во 13:00 ч.

Салцбург
Арсенал
Марсеј
Лајпциг
Лацио
Спортинг
ЦСКА Москва
Атлетико Мадрид

Првите натпревари од четвртфиналето според најавите ќе се одиграат на 5. април, а реванш средбите на 12. април 2018 год.

Арсенал – Милан. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.