Лига Европа, 1/16: Шведска „задача“ за Арсенал, Ристовски кај Астана!

Денеска со ждрепка беа извлечени и двојките од 1/16 финалето на Лига Европа за сезоната 2017/2018.

Противниците на Вардар од групната фаза, Зенит Ст. Петерсбург за противник го доби шкотскиот Селтик, а Реал Сосиедад налета на Салцбург.

Потоа, Арсенал ќе има шведски предизвик во најголемото изненадување досега сезонава Остерсунд, додека Милан ќе оди во Бугарија кај Лудогорец.

Белградските гиганти, Црвена Звезда ќе ги одмери силите со ЦСКА Москва, а Партизан ќе се обиде да се пласира во осминафиналето преку чешкиот Плзен.

Да додадеме уште дека Спортинг Лисабон на македонскиот репрезентатиец Стефан Ристовски ќе играат против Астана од Казахстан.

Лига Европа, 1/16

Борусија Дортмунд-Аталанта
Ница-Локомотив Москва
ФК Копенхаген-Атлетико Мадрид
Спартак Москва-Атлетик Билбао

АЕК Атина-Динамо Киев
Селтик-Зенит
Наполи-Лајпциг
Црвена Звезда-ЦСКА Москва

Лион-Виљареал
Реал Сосиедад-Салцбург
Партизан-Плзењ
ФЦСБ-Лацио

Лудогорец-Милан
Астана-Спортинг
Остерсунд-Арсенал
Марсеј-Брага

Првите натпревари ќе се одиграат на 15. февруари, а реванш средбите на 22. февруари 2018 год.