Лига Европа, 1/8: Шок за Дортмунд, Арсенал го освои „Сан Сиро“! (ВИДЕО)

Се одиграа првите натпревари од четири мечеви во осминафиналето од Лига Европа.

Во дербито на „Сан Сиро“ домаќинот Милан загуби од Арсенал со конечен резултат 0:2.

Головите беа постигнати во првото полувреме, „топчиите“ дојдоа до предност преку Мхитарјан во 15. и Рамзи (45+4 мин.) после асистенциите на Озил.

Атлетико Мадрид оствари убедлива предност дома пред реваншот во Русија против Локомотив Москва (3:0). Стрелци на погодоците беа Њигез во 22., Коста во 47. и Коке во 90. минута од средбата на „Ванда Метрополитано“.

Исто така, и Лион оствари значаен триумф на гостувањето кај ЦСКА Москва (0:1), херој на францускиот клуб беше Марсело во 68. мин. по додавањето на Депај.

И на крајот непријатно изненадување за навивачите на Дортмунд, откако нивната екипа Борусија претрпе минимален пораз од Салцбург (1:2).

Двапати во листата на стрелците се запиша косовскиот интернационалец Бериша, а за „милионерите“ стрелаше Ширле на „Сигнал Идуна Парк“.

Лига Европа, осминафинале

Први натпревари, резултати:

Милан-Арсенал 0:2
Атлетико Мадрид-Локомотив Москва 3:0
ЦСКА Москва-Лион 0:1
Борусија Дортмунд-Салцбург 1:2

Милан – Арсенал 0:2. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Боруссия Дортмунд – Ред Булл Зальцбург. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.