Лига Европа, 1/8: Милан ќе игра против Арсенал, Ристовски патува во Чешка!

Денеска во Нион се одржа ждрепка за извлекување на осминафиналните двојки во фудбалската Лига Европа.

Првите натпревари ќе се одржат на 8. март, додека реванш средбите се закажани една недела подоцна, односно на 15. март 2018 год.

Дефинитивно најголемо внимание ќе привлече мега-пресметката помеѓу екипите на Милан и Арсенал, додека Спортинг Лисабон на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски ќе ги одмери силите против Викторија Плзењ.

Лига Европа

Осминафинале, двојки:

Лацио-Динамо Киев
Лајпциг-Зенит
Атлетико Мадрид-Локомотив Москва
ЦСКА Москва-Олимпик Лион
Марсеј-Атлетик Билбао
Спортинг Лисабон-Викторија Плзењ
Борусија Дортмунд-Салцбург
Милан-Арсенал