Лига Европа, 1/2: Гризман го шокираше „Емирати“, Марсеј со предност ќе патува во Австрија! (ВИДЕО)

Вечерва се одиграа првите натпревари од полуфиналето во фудбалската Лига Европа…

Составот на Арсенал пропушти шанса на својот „Емирати“ да отпатува барем со минимална предност на реваншот во Мадрид, но тоа не го дозволи Гризман.

Најпрвин шпанската екипа се најде во непријатна ситуација кога уште во 10. минута поради два жолти картони и непотребни прекршоци теренот го напушти Врсаљко.

Ваквата предност на теренот ја искористија „топчиите“ со водство во 61. мин. благодарение на Лаказет после асистенцијата на Вилшер.

Но, „јорганџиите“ не се предаваа и успеаја и покрај тоа што беа со фудбалер помалку да дојдат до израмнување во 82. мин. преку францускиот интернационалец Гризман.

Овој резултат 1:1 дефинитивно претставува голем за избраниците на тренерот Диего Симеоне пред реваншот кој е закажан за 3. мај од 21:05 ч. на „Ванда Метролитано“.

Марсеј направи исто така голем чекор триумфирајќи на стадионот „Велодром“ со 2:0 против Салцбург. Првиот погодок на Французите беше сомнителен, откако Товин со глава, но и рака ја затресе мрежата на Австријците. Конечниот епилог го постави Камеринецот Н`Жје после втората асистенција на мечот од страна на Паје. Реваншот е исто така закажан за 3. мај со почеток од 21:05 ч. на „Ред Бул“ Арената.

Арсенал – Атлетико. Обзор матча. Лига Европы 2017/18. Полуфинал. 1-й матч. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Марсель – Ред Булл Зальцбург. Обзор матча. Лига Европы от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.