Легендарниот Буфон во солзи ја завршува репрезентативната кариера! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Италија не успеа да се пласира на Светското првенство кое наредната година ќе се одржи во Русија.

За прв пат после 60. години славните „Аѕури“ нема да бидат дел од Мундијалите, односно Швеѓаните благодарение на триумфот во Стокхолм (1:0) во првиот меч обезбедија учество на СП.

Сон на 39-годишниот Џанлуиџи Буфон беше да ја заврши репрезентативната кариера токму на СП, но тоа нема да се случи и најверојатно вечерва на „Сан Сиро“ (0:0) го имаше својот последен натпревар во националниот дрес.

За Италија Џиџи дебитираше пред 20. години и настапи на вкупно 176. натпревари. Со националниот тим на Италија успеа да ја светската титула во 2006. година.

Веќе се шпекулира дека на крајот од сезоната 2017/2018 Буфон ќе ги заврши и клупските обврски со Јувентус, и на тој начин да ја заврши блескавата кариера во професионалниот фудбал.

Навистина жалиме што вака се заврши, и им се извинуваме на сите во италијанскиот фудбал. Не успеавме, но секако постои иднина за италијанскиот фудбал, бидејќи имаме гордост, способност, решителност и после вакви паѓања, секогаш наоѓаме начин да се вратиме на вистинскиот пат.

Ја напуштам репрезентацијата на таленти кои имаат што да покажат на терените во иднина, тука се Донарума и Пери. 10 години бев заедно со играчи како Кјелини, Барѕаљи, Бонучи…Им се заблагодарувам на сите кои беа со нас, во фудбалот победувате како група, губите како група, ги делиш позитивните и негативните моменти“, рече Буфон.