ЛЕ: Вечер на домаќините, Арсенал најубедлив, Ристовски ќе брка негатива против Атлетико Мадрид! (ВИДЕО)

Се одиграа првите натпревари од четвртфиналето во фудбалската Лига Европа…

Апсолутна вечер на домаќините, помеѓу нив Арсенал на својот „Емирати“ беше најубедлив со 4:1 против ЦСКА Москва.

„Топчиите“ поведоа во деветтата минута со голот на Ремзи по додавањето на Белерин, а руската екипа израмни преку Головин кој постигна еден прекрасен гол од слободен удар во 15. мин.

Практично сите голови на средбата беа постигнати во првото полувреме, тимот на Венгер ја врати позитивата од пенал во 23. мин. преку Лаказет, потоа пет минути подоцна зголеми Ремзи со својот втор гол, а конечниот епилог го постави Лаказет во 35. мин. по втората асистенција на Озил.

Атлетико Мадрид со 2:0 беше подобар Спортинг во чии редови не настапи македонскиот интернационалец Стефан Ристовски кој остана на клупата за резервни играчи.

За „јорганџиите“ и предност пред реваншот во Португалија стрелаа Коке уште во првата минута и Гризман на пет минути пред паузата.

Лига Европа

Четвртфинале (први натпревари), резултати):

Арсенал-ЦСКА Москва 4:1
Атлетико Мадрид-Спортинг 2:0
Лацио-Салцбург 4:2
Лајпциг-Марсеј 1:0

Арсенал – ЦСКА. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Атлетико – Спортинг. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.