ЛЕ: Партизан сигурен – Динамо Киев прв во „нокаут-фазата“ (ВИДЕО)

Се одиграа првите натпревари од денешната програма на 4. коло во Лига Европа…

Во групата Д Милан го забележа и второто реми, без голови во Атина против грчкиот АЕК.

Риека на македонскиот интернационалец Леонард Жута (кој го одигра целиот меч) убедливо загубија дома од Австрија Виена со 1:4.

На табелата води Милан со осум бодови, АЕК има шест, Австрија Виена четири, а Риека која и понатаму има шанси за првите две позиции е последна со три.

Во групата Б Партизан со 2:0 го совлада Скендербеу со головите на Тошиќ во 39-та и Тавамба во 66. минута од средбата.

На вториот меч Динамо Киев минимално со 0:1 беше подобар од Јанг Бојс и на тој начин прв го обезбеди пласманот во следната фаза, поточно во 1/16 финалето.

Лига Европа, 4. коло (резултати):

АЕК-Милан 0:0
Аполон-Аталанта 1:1
Башакшехир-Хофенхајм 1:1
ФК Копенхаген-Злин 3:0
Локомотив Москва-Шериф Тираспол 1:2
Лудогорец-Брага 1:1
Лион-Евертон 3:0
Макаби Тел Авив-Астана 0:1
Партизан-Скендербеу 2:0
Риека-Австрија Виена 1:4
Славија Прага-Виљареал 0:2
Јанг Бојс-Динамо Киев 0:1

Янг Бойз – Динамо Киев от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.