ЛЕ: Арсенал го освои Белград, а Лацио продолжува без грешка! (ВИДЕО)

Се одиграа уште многу натпревари од третото коло во групната фаза на Лига Европа…

Во групата Х на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград Арсенал ги освои трите бода после триумфот од 0:1 над Црвена Звезда.

Стрелец на единствениот гол за „топчиите“ во српскиот главен град беше Жиру после асистенцијата на Волкот во 85. минута од средбата.

Лацио во групата К дојде и до третата победа по ред остварена на гостувањето кај Ница со конечен резултат 1:3.

Поведе најпрвин францускиот клуб со голот на Балотели уште во четвртата минута, но веднаш во наредните 60 секунди римската екипа дојде до израмнувањето благодарение на Каиседо.

Во вториот дел италијанскиот претставник ги обезбеди трите бодови, откако српскиот интернационалец Милинковиќ-Савиќ двапати се запиша во листата на стрелците во 65. и 89. минута на „Алијанц Ривиера“.

Најголемото изненадување оваа сезона доаѓа од Шведска, тимот на Остерсундс не дозволи да биде поразен и во третиот меч дома со Атлетик Билбао (2:2).

Адуриц ги израдува Шпанците со позитива во 14. минута, во вториот дел домаќините направија пресврт преку Геро и Едвардс, а Вилијамс го постави конечниот епилог во самиот финиш од дуелот на „Јамткрафт“ Арената.

Лига Европа, 3. коло (резултати):

Астана-Макаби Тел Авив 4:0
БАТЕ-Келн 1:0
Црвена Звезда-Арсенал 0:1

Х. Беер Шева-ФЦСБ 1:2
Коњаспор-Салцбург 0:2
Лугано-Плзен 3:2

Марсеј-Гимараеш 2:1
Ница-Лацио 1:3
Остерсундс-Атлетик Билбао 2:2

Вардар-Реал Сосиедад 0:6
Варегем-Витесе 1:1
Зенит Ст. Петерсбург-Розенборг 3:1
Зорја-Херта 2:1

Црвена Звезда – Арсенал 0:1. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Hиццa – Лaциo 1:3 от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.