Квалификации СП: Има ли надежи за „лалињата“, а Швајцарија нека внимава од Роналдо! (ВИДЕО)

Дури во последното коло од квалификациите во европската зона ќе ги дознаеме официјално сите патници на Светското првенство во Русија 2018 и секако учесниците во баражот.

Во групата Б репрезентацијата на Португалија ја оправда фаворитската улога кај Андора (0:2) со головите на Кристијано Роналдо.

Еве интересен податок, само двајца играчи во историјата постигнале 15 голови во еден евро квалификациски циклус, тие се Роналдо и полскиот репрезентативец Роберт Левандовски.

Во истата група верувале или не Швајцарија од почетокот на квалификациите има девет победи по ред и сеуште без обезбеден пласман на Мундијалот.

Вечерва во Базел со головите на Џака, Фреј, Зубер (2) и Лихштајнер го совладаа тимот на Унгарија. Во последното коло ќе има големо дерби во Лисабон за првата позиција, Португалија против Швајцарија за првото место.

На Швајцарците ќе им биде доволен и бод, а потсетување на првиот меѓусебен дуел тие славеа дома против Португалците со 2:0.

Интересно е и во групата А Холандија дојде до три важни бодови на гостувањето кај Белорусија (1:3) и ги одржа шансите барем за баражот, но и тој пат им изгледа на „лалињата“ многу далечен. Имено, математиките велат дека во последниот меч ќе мора со 7 голови разлика да ја совлада Шведска за да дојде до втората позиција.

Во истата група Франција со голот на Матуиди уште во третата минута ја совлада Бугарија во Софија и на тој начин моментно е првопласирана и засега има сигурен бараж, но ако сака да го задржи врвот, ќе мора евентуално да триумфира дома над Белорусија.

Квалификации СП Русија 2018

9. коло, резултати:

Група А

Белорусија-Холандија 1:3
Бугарија-Франција 0:1
Шведска-Луксембург 8:0

Табела: Франција 20 бодови, Шведска 19, Холандија 16…

Група Б

Швајцарија-Унгарија 5:2
Андора-Португалија 0:2
Фарски Острови-Летонија 0:0

Табела: Швајцарија 27 бодови, Португалија 24…

Група Ц

Бих-Белгија 3:4
Кипар-Грција 1:2
Гибралтар-Естонија 0:6

Табела: Белгија 25 бодови, Грција 16, Босна и Херцеговина 14…

Aндoppa – Поpтyгалия от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Беларусь – Нидерланды 1:3. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.