Кутроне го спаси Милан, Партизан „1 во 2“, Евертон не може ниту со Аполон! (ВИДЕО)

Вечерва се комплетираше второто коло од групите во Лига Европа…

Милан многу потешко од очекувањата во групата Д дојде до вториот триумф сезонава на „Сан Сиро“ совладувајќи ја Риека на македонскиот интернационалец Леонард Жута со 3:2.

Силва донесе водство за „росонерите“ во првото полувреме, зголеми Мусачио во 53-та, потоа во самиот финиш шок на трибините, откако Хрватите успеаја за краток период да постигнат два гола преку Акости и Елез од пенал.

Но, во 94. минута италијанскиот претставник успеа да дојде до победата, откако гостинската мрежа ја затресе Кутроне после асистенцијата на Борини.

Потоа, Евертон и во ЛЕ ја продолжува резултатската криза сезонава. Покрај лошите изданија во Премиерлигата, ново разочарување на „Гудисон Парк“, откако тимот не успеа да го совлада кипарскиот состав на Аполон (2:2).

Партизан водеше во првото полувреме со одлични 2:0 против Динамо Киев, за белградскиот тим стрелаа Ожеговиќ и Тавамба.

Но, во вторите 45. минути целосен пресврт на стадионот во Белград прават Украинците со двата погодоци на Мораеш и еден на Бујалски.

Лига Европа (2. коло), останати резултати:

АЕК-Австрија Виена 2:2
Брага-Башакшехир 2:1
Локомотив Москва-Злин 3:0
Лудогорец-Хофенхајм 2:1
Лион-Аталанта 1:1
М. Тел Авив-Виљареал 0:0
Ш. Тираспол-ФК Копенхаген 0:0
Скендербеу-Јанг Бојс 1:1

Партизан – Динамо К от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Эвертон – Aполлон от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Mилaн – Pиeкa 3:2 от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.