Куп на Италија: Лацио во четвртфиналето против Фиорентина! (ВИДЕО)

Позната е уште една четвртфинална двојка во Купот на Италија за сезоната 2017/18.

Лацио вечерва на стадионот „Олимпико“ во Рим ја оправда фаворитската улога против Читадела (4:1).

За „небесно-сините“ двапати во листата на стрелците се запиша Имобиле, еднаш Андерсон, автогол си постигна Камилјано, а на спротивната страна единствениот погодок беше дело на Бартоломеи.

На тој начин избраниците на тренерот С. Инзаги во четвртфиналето од куп натпреварувањето ќе играат против Фиорентина која претходно ја елиминираше Сампдорија.

Да потсетиме, веќе е формирана уште една четвртфинална двојка, големото градско дерби помеѓу Милан и Интер.

Лацио – Читтаделла. Обзор матча. Кубок Италии. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.