Костарика со гол во 95 минута за пласман на СП! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Костарика успеа да се пласира на Светското првенство во Русија 2018 година…

Во квалификациите од КОНКАКАФ зоната дојде до една од првите три позиции кои водат на Мундијалот.

Во 95. минута од средбата пред своите гледачи при негатива од 0:1, Вотсон со глава успеа да ја затресе мрежата на Хондурас за голема радост кај неговите соиграчи и секако на трибините.

Претходно учество на Мундијалот обезбеди и селекцијата на Мексико, а остануваат уште три кандидати за последниот „билет“, тие се САД, Панама и Хондурас.

На табелата сигурните Мексико и Костарика имаат 21, односно 16 бодови, најблиску до тој трет „тикет“ за настап на СП е САД која е моментно на третата позиција со 12 бодови, пред Панама и Хондурас со по 10. Од претходно сите шанси ги загуби „фенерџијата“ Тринидад и Тобаго (3).

Во последното коло од квалификацискиот циклус, на 10. октомври САД ќе гостува кај Тринидад и Тобаго, Панама е домаќин на Костарика, додека Хондурас ќе го пречека Мексико.