Копа дел Реј: Првенец за Кутињо, Барса ќе ја брани титулата против Севиља! (ВИДЕО)

Екипата на Барселона ќе ја брани титулата во Кралскиот куп…

Каталонскиот гигант во полуфиналниот двомеч беше подобар од Валенсија со вкупен резултат 3:0.

После минималното славје на „Камп Ноу“, избраниците на тренерот Валверде триумфираа и на гостински терен со 0:2.

Во првото полувреме немаше голови на „Местаља“, но затоа во второто својот прв гол од доаѓањето оваа зима од Ливерпул го имаше Кутињо после асистенцијата на Суарез, а Уругваецот придонесе и во вториот погодок кој го реализираше Ракитиќ во 82. минута од средбата.

Во големото финале Барса на 21. април 2018 год. ќе игра против екипата на Севиља која претходно со вкупни 3:1 го елиминираше Леганес.