Копа дел Реј: Нумансија елиминирана, но барем не загуби од Реал на „Бернабеу“! (ВИДЕО)

На реваншот од осминафиналето на шпанскиот Кралски куп, ремизираа на „Сантјаго Бернабеу“ со резултат 2:2 екипите на Реал Мадрид и Нумансија.

Избраниците на тренерот Зинедин Зидан поведоа преку Лукас во 10. минута, а пред крајот на првото полувреме израмни Гиљермо.

Повторно Лукас ги доведува своите соиграчи во позитива во 59. минута, но иста ситуација како во првите 45. минута егал носи Гиљермо после асистенцијата на Гарсија во 82. за поставување на конечниот епилог.

„Кралевите“ се пласираа понатаму благодарение на триумфот од 0:3 остварен на првиот меч.

Освен Реал Мадрид, досега како четвртфиналисти се промовираа уште Атлетико Мадрид, Валенсија, Алавес, а мало изненадување приреди Леганес кој го елиминираше Виљареал.

В четврток (11. јануари) ќе ги дознаеме последните три екипи во понатамошната фаза: Севиља-Кадиз (2:0), Леванте-Еспањол (2:1) и Барселона-Селта Виго (1:1).

Реал Мадрид – Нумансия. Обзор матча. Кубок Испании 2017/18. 1/8 финала. 2-й матч от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.