Копа дел Реј: Наместо рутина, Леванте и Барди ги разочараа своите навивачи! (ВИДЕО)

Иако после првиот натпревар имаше предност од 1:2 од осминафиналето во шпанскиот кралски куп…

Вечерва составот на Леванте ги разочара своите навивачи откако загуби со 0:2 од Еспањол и на тој начин остана без четвртфинале во Копа дел Реј.

Головите беа реализирани уште во првото полувреме, гостите обезбедија понатамошен пласман благодарение на Баптистао (14. мин.) и Морено (34. мин.)

Целиот меч за домашниот состав го одигра македонскиот интернационалец Енис Барди. Покрај Еспањол, во четвртфиналисти се промовираа уште Атлетико Мадрид, Валенсија, Алавес, Леганес, Реал Мадрид и Севиља.

Вечерва од 21:30 часот е реваншот на „Камп Ноу“ помеѓу Барселона и Селта Виго (1:1).

Леванте – Эспаньол. Обзор матча. Кубок Испании 2017/18. 1/8 финала. 2-й матч от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.