Копа дел Реј: Кутињо уживаше во новата „петарда“ на Барселона! (ВИДЕО)

Вечерва на „Камп Ноу“ го дознавме и последниот четвртфиналист во кралскиот куп.

После нерешените 1:1 на првиот натпревар, Барселона на реваншот целосно ја оправда фаворитската улога над Селта од Виго со резултат 5:0.

Се беше решено уште во првото полувреме кога двапати во листата на стрелците се запиша Меси после асистенциите на Алба кој пак го постигна третиот погодок по додавањето на Аргентинецот.

Суарез се погрижи за 4:0 во 31. минута од средбата, а Дембеле во 87. минута го пронајде Хрватот Ракитиќ за поставување на конечниот епилог.

Новото зимско засилување Филипе Кутињо уживаше во оваа „петарда“ на Барса од трибините, а како што се најавува наскоро се очекува дебито на Бразилецот.

Освен Барселона, во четвртфиналето од Копа дел Реј се пласираа уште Атлетико Мадрид, Валенсија, Алавес, Леганес, Реал Мадрид, Севиља и Еспањол.

Ждрепката за извлекување на четвртфиналните двојки ќе се изврши в петок (12. јануари).

Барселона – Сельта. Обзор матча. Кубок Испании 2017/18. 1/8 финала. 2-й матч от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.