„Копа дел Реј“: Барса на Валенсија во полуфиналето (ФОТО)

Фудбалерите на Барселона во полуфиналето на шпанскиот кралски куп ќе се сретне со Валенсија, одлучи денешната ждрепка.

Вториот полуфинален пар се Севиља и Леганес, овој вториот во четвртфиналето со сензационална победа на „Сантјаго Бернабеу“ (1:2) го елиминираше Реал Мадрид.

Барса го брани трофејот освоен од минатата година, и во првиот натпревар на 8. или 9. февруари на „Камп Ноу“ ќе ја пречека одличната екипа на Валенсија, а домаќин во првиот дуел е и Леганес. Реванш мечевите се една недела подоцна.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

-ЛИОНЕЛ МЕСИ ГО ПОСТИГНА 4.000 ГОЛ НА „КАМП НОУ“-

Аргентинскиот фудбалер испиша нова историја на „Камп Ноу“.

Синоќа во каталонското дерби Барселона ја анулираше негативата и успеа да го совлада Еспањол.

На реваншот на „Камп Ноу“ беше постигнат 4.000 гол кој го реализираше Лионел Меси и тоа за конечни 2:0.

За овој историски учинок од 4.000 илјади голови беа потребни нешто повеќе од 60. години, со оглед на тоа што овој стадион беше отворен во 1957. година.

Звучи малку неверојатно, но Меси учествуваше во 10% од тие погодоци. Импресивна статистика, до денешен ден Аргентинецот од своето деби на „Камп Ноу“ во 2004. година постигна 308 голови и запиша 102 асистенции.